mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Кина прави електрични возила, странците ќе и` продаваат бензинци

Кина прави електрични возила, странците ќе и` продаваат бензинци

Типографија

Кинеските власти цврсто стојат на одлуката дека производителите на автомобили до 2020 година ќе мора да ги исполнат високите еколошки стандарди, за да се намали огромното загадување во градовите на земјата. Но додека домашните компании се обидуваат да го постигнат тоа со производство на електрични возила, странските се` уште се држат до бензинот.

Германската компанија Ауди отвори нова фабрика во градот Тјанџин, каде што ќе се произведуваат менувачи што ќе се користат во возилата со бензински мотори, но ќе ја зголемат нивната ефикасност. Со тоа производителот вели дека возилата ќе можат да поминуваат поголеми далечини и да работат почисто, со помош на хибридната технологија.

Во Кина се случува експанзија на производството на електрични возила, но меѓународните производители предупредувале дека овие амбициозни цели на кинеските компании може да се покажат како премногу скапи и ризични, да не соодветствуваат со желбите на купувачите, и да не може да се усогласат со потребите на странските пазари. Кина минатата година додели 4,5 милијарди долари субвенции за еколошки возила.

  • Во 2020, повеќето автомобили што ќе ги продаваме ќе бидат со мотори со внатрешно согорување, па за да ги исполниме стандардите мораме да ја подобриме ефикасноста на потрошувачката на секој модел на Ауди - изјавил првиот човек на Ауди Кина, Јоаким Ведлер, кој не ги коментирал потезите на кинеските конкуренти.

Во целиот свет автопроизводителите не се согласуваат околу тоа во кој правец треба да се движи зелената иднина на индустријата. Во Кина, компаниите што се поврзани со државата се одлучуваат за електрични возила, без оглед на тоа што електричната енергија што им е потребна ќе се добива од согорување јаглен.

Според новите стандарди што ги наметнува кинеската држава, до 2020 година автомобилите во просек мора да трошат до пет литри гориво на 100 километри, што е за 30 отсто помалку од сегашните стандарди. Пекинг почна многу иницијативи за да ги поттикне домашните фирми да произведуваат т.н. „возила на нова енергија“, односно електрични и хибридни. Но иако нивната продажба се зголемила четирикратно, сепак во првите седум месеци од годинава само 1,4 проценти од продадените автомобили се на „новата енергија“, бидејќи купувачите се главно загрижени поради малите далечини што тие може да ги поминат и поради условите за домашно полнење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет